„Наша цел е освојување на Бундес лигата“

Тимот на Фленсбург, кој во минатата сезона заврши на 4. позиција во Бундес лигата и не успеа да се пласира на Ф4 турнирот во Лигата на Европа, ќе се обиде во новата натпреварувачка сезона 2023/24 да го освои домашниот шампионат.

Тоа го најави новиот тренер на тимот, данскиот стратег Николај Киркау. Данецот токму во Фленсбург ќе го има првиот интернационален предизвик како тренер.

Киркау смета дека ростерот со кој располага неговиот тим има доволно квалитет за да дојде до првата позиција во најквалитетната лига на светот.

,,Нашата цел е да го освоиме германското првенство. Имаме тим со кој може да го направи тоа. Но, конкуренцијата во Бундес лигата е голема.. Сериозни амбиции имаат и Кил, Магдебург, Рајн Некар и Фуксе Берлин”, изјави Киркау.

Фленсбург последната титула во Бундес лигата ја освои во сезона 2018/19, а во својата историја има три бундес титули.

Поранешниот европски шампион за новата сезона ги ангажираше и холандскиот репрезентативец Кај Смитс, потоа Симон Питлик и Лукас Јоргенсен од ГОГ, Аксел Хорген од Силкеборг и Блаж Благотиншек од Гепинген.