Начевски и Николов ќе влезат во историјата на ПИК Сегед

Најдобра судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе влезат во историјата на унгарскиот шампион ПИК Сегед.

Тие се делегирани од ЕХФ да го судат мечот од 10 коло во Лигата на шампионите меѓу ПИК Сегед и германскиот Кил, што ќе се игра на 9 декември од 20:45 часот.

Ова е историски натпревар за домашниот тим, бидејќи ќе биде првиот со кој ќе биде отворена новата арена во Сегед.

Сите 8.300 билети беа продадени за само 17 минути и салата ќе биде исполнета до последното место.

Во оваа сала ќе се играат натпревари и од Европското првенство во јануари.