Натпреварите на Супер Глоуб ќе ги судат по тројца арбитри!

Денеска стартуваше неофицијалното светско клупско првенство во Џеда во Саудиска Арабија, Супер Глоуб. Од европските екипи ќе играат Барселона, Келце, Бенфика и Магдебург, кој ја бранни титулата освоена лани.

ИХФ воведе новитет за овие натпревари на кои ќе има трет судија. Ова правило засега ќе биде само на тест за време на Супер Глоуб.

Сите судиски двојки што беа делегирани се раздвоени и формирани се тројки, па така првиот меч меѓу Таубате и Ал Кувајт го судат Данецот Хансен, Словенецот Лах и Швајцарецот Брунер.

Како ќе се снаоѓаат на терен судии што никогаш не суделе заедно останува да видиме во текот на следните пет дена, по што ќе биде познато дали ова правило ќе стане задолжително на ракометните натпревари.