Наследникот на Енди Шмид останува во швајцарското првенство до 2024 година

Еден од најталентираните ракометари од Швајцарија, Нико Егиман и во следниот период ќе продолжи да се натпреварува во домашното првенство на Швајцарија.

Средниот бек на Берн кој има 19 години го продолжи договорот со клубот до 2024 година, а претходниот договор му беше со важност до 2021 година.

Минатата сезона Егиман имаше одлични настапи во дресот на Берн и покажа дека е огромен потенцијал. Тој беше номиниран за најдобар млад играч за 2020 година, а веќе беше и на поширокиот список на репрезентацијата.

Задоволството од продолжувањето на соработката го истакнаа и двете страни. Егиман смета дека Берн е вистинскиот клуб за негово напредување и развој на кариерата.

Швајцарците имаат фантастичен среден бек во Енди Шмид, а со оглед на телентот и истата позиција на која игра Егиман се очекува тој да биде негов наследник, а секако има од кого да учи.