Нападот на Русија врз Украина го пренасочил авионот со ракометарите на Мотор!

Вчера вечер Украина го ограничи својот воздушен простор, аеродромот во Запорожје беше затворен поради потенцијална опасност за цивилната авијација. Во земјата е прогласена вонредна ситуација поради воената операција на Русија.

Според веб страницата „FlightRadar24“ летот со ракометарите и стручниот штаб на Мотор бил единствениот цивилен авион во украинскиот воздушен простор во изминатата ноќ. Авионот кружел над Запорожје, а потоа бил пренасочен кон Киев.

Од клубот се уште нема потврда дали слетале во главниот град на Украина, пренесува Ројтерс.

Треба да се спомене дека аеродромите се затворени и во другите поголеми градови во Украина. Русија исто така делумно го затвори воздушниот простор на југот на земјата во близина на границата ос Украина.