Нант и Лазаров влегоа во серија, лесно го надиграа Иври

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров продолжува со добрите партии во вториот дел од сезоната, а новата победа дојде на дуелот против Иври на кој Нант забележа победа од 38:24.

Лазаров учествуваше со три погодоци од четири шута на овој натпревар на кој не беше воопшто проблем да се дојде до победата. Задачата беше лесна бидејќи противникот не успеа да издржи и добро да се спротистави, па на крајот радоста остана за домашните.

Најефикасен во победничкиот табор беше Балагер со осум погодоци, кој имаше 80% реализација.

Со оваа победа Нант си го задржа второто место со 24 поени и во моментов има шест бода помалку од ПСЖ кој после 15 кола има максимално постигнување бидејќи има 15 победи.