Надежите немоќни во Романија, претрпеа убедлив пораз

Пионерскиот состав на репрезентацијата на Македонија составен од ракометари родени во 2004 година и помали го одигра првиот контролен натпревар против селекцијата на Романија. Како гости пионерите претрпеа пораз од 22:30.

Избраниците на Раде Стојановиќ и Кире Атанасовски не успеаја да се изборат за позитивен резултат, а шанса за поправен ќе имаат веќе утре на вториот дуел со истиот противник.

Репрезентативците на Македонија беа во поголемиот дел од натпреварот во негатива. По 30 минути игра заостанувањето беше од три гола, 10:13. Второто полувреме нашите надежи го започнаа многу слабо, со грешки во нападите што домаќинот знаеше да казни.

Романија отвори со 5:0 и се одалечи на високи 18:10, а потоа Романците успешно ја одржуваа предноста и во 48. минута резултатот беше 22:15. До крајот без проблеми ја сочуваа позитивата за конечна победа од 30:22.