Му беше понуден на Вардар, но заминува во Русија: Артем Кулак стана „мечка“ (ФОТО)

Еден од ракометарите кои му беа понудени на европскиот шампион Вардар беше белорускиот среден бек Артем Кулак.

Сепак тој нема да се пресели во Скопје и веќе го избра клубот каде што ќе ја продолжи кариерата.

Кулак потпиша договор на две години со рускиот шампион Чеховски Медведи, со кој во новата сезона ќе игра во Лигата на Европа.

Средниот бек не добиваше голема шанса за настап во Брест Мешков, па доби раскин на договорот и слобода од белорускиот шампион.