Мурговска му донесе место во плеј-офот на Тун

Тимот на Ротвајс Тун, каде што настапува македонската интернационалка Викторија Мурговска, обезбеди место во разигрувањето за титулата во Швајцарија.

Мурговска, која се пресели во Тун на почетокот на пролетниот дел од сезоната веќе одигра два натпревари.

На првиот Тун славеше кај Кројцлинген со 19-23, а на последниот загуби дома од Шпоно со 23-24. Мурговска на овој натпревар беше стрелец на четири погодоци.

И покрај поразот, Тун ќе игра во плеј-офот и за титулата ќе се бори со Шпоно, Цуг и Брул.