Мркиќ броеше до 14, Ериче влезе во победничка серија

Македонската интернационалка, Савица Мркиќ, која настапува за Ериче, повторно имаше одлична партија во шампионатот на Италија.

Мркиќ со 14 постигнати погодоци беше најефикасна на натпреварот против Ариосто Ферара, во кој нејзиниот тим триумфираше со пет гола разлика, 30:25.

Левиот бек од Македонија имаше забележителна партија и во претходното коло против Местрино. На тој натпревар Мркиќ петпати се запиша во листата на стрелци.

Ериче направи голем исчекор на табелата, влезе во победничка серија и моментално се позиционираше на 5. позиција на табелата.

Ракометарките на Ериче во следното коло на свој терен ќе го пречекаат незгодниот состав на Касано.