Мрква: Мораме да се одбраниме од Лазаров, Кузмановски, Талески…

Репрезентацијата на Македонија денес од 20:15 часот го игра првиот натпревар против Чешка во баражот за Светското првенство, Чесите се домаќини на овој прв дуел во Злин. Пред натпреварот разговаравме и со голманот на чешката репрезентација Томаш Мрква.

Мрква во разговорот ни истакна дека пред се денес многу важна ќе биде играта во одбраната, голманите според него мора да се на високо ниво.

„Голманот е важна позиција на натпреварот, но особено во нашата игра важно е секој дел од тимот да функционира на 100%. Точно е дека голманите одлучуваат натпревари, но значајно е да се напомене дека вечерашниот натпревар ќе го одлучува тимската игра а не голманите

Што ќе биде поважно во играта нападот или одбраната?

„Некој ни кажа дека Шампионатите се добиваат во одбраната, а овие квалификациски натпревари се на ниво на шампионатите, затоа против Македонија сигурно поважна ќе биде играта во одбрана. Мораме да се одбраниме против клучните играчи на Македонија, играчи како Лазаров, Кузмановски, Талески и Миркуловски. Затоа треба да сме добро подготвени за нив. Веќе спомнавте неколку клучни играчи но на кој ракометар ќе бидете најмногу фокусирани? Мислам дека со стручниот штаб го подготвивме одлично натпреварот, секако ќе се насочиме на Кирил Лазаров бидејќи тој е играч кој може да шутира, да додава и да одлучува натпревари.Тој значи многу за нивната репрезентација.Кузмановски има неверојатен притисок во оној втор бран, Филип Талески е бек шутер од далечина, затоа мораме да бидеме подготвени во одбрана за да му дозволиме да ги упати ударите кои ние ги сакаме и очекуваме. Секако крилните играчи се искусни и трчаат бргу во контра напад. Македонија е комплексен и добар тим и треба да внимаваме на сите ракометари“

Предност или недостаток е тоа што го играте првиот дуел во Чешка бидејќи секогаш кога сте играле втор натпревар во Скопје сте биле елиминирани?

Ќе видиме дали е предност или не, два натпревари и две полувремиња ни претстојат. Сакаме да изиграме добар натпревар во Скопје, но сега се фокусираме на овој дуел. Знаеме дека нема да одлучува овој дуел, затоа мораме да бидеме фокусирани и да играме гол по гол, напад по напад, одбрана по одбрана. Очекувате ли некое изненадување од Македонија? Можеби не, ќе видиме на почетокот на натпреварот каква одбрана играат, како се поставени во напад, мислам дека сме добро сме подготвени но секогаш може да има изненадување. Кој резултат би бил поволен за вас прес реваншот? Победа со 20 гола е секогаш најдобро, но тешко е да се каже. Мислам дека ниту еден тим нема да победи со голема разлика, ќе биде добар и израмнет натпревар. Но денес одиме полни со самодоверба на терен.

Реваншот помеѓу Македонија и Чешка ќе биде во недела во Скопје, а во овој дуел македонските ракометари ќе играат пред полни трибини затоа што билетите веќе се распродадени.

Кашпарек: Знаеме што не чека во Скопје, затоа ни треба поубедлива победа