Мојсовски им додели благодарници на Начевски и Николов (ФОТО)

Најдобрата судиска двојка од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија благодарници од страна на Агенцијата за млади и спорт. Директорот на агенцијата, Наумче Мојсовски организираше прием со цел да им се оддаде признание за сето она што го прават за презентирањето на спортот и на државата на меѓународно ниво.

Начевски и Николов зад себе веќе имаат долга историја на настапи на големите натпреварувања. Повеќе од една деценија постојано се на некое првенство. Редовно се на сениорските Европски и светски првенства, а имаат настап на две Олимпијади, три Ф4 завршници во европските купови…

Тие се кандидати и за настап и на Олимиските игри во Токио така што продолжуваат да го презентираат ракометот од Македонија на меѓународно ниво и понатаму.

Поради ова Наумче Мојсовски им посака уште поголем успех во следните години и им се заблагодари за она што го направија досега за ракометот и неговиот развој.