Монпелје со победа доаѓа во Скопје, но едвај го совлада Ст. Рафаел

Новиот противник на Вардар во Лигата на шампионите, Монпелје денеска имаше натпревар во најсилната лига на Франција и си обезбеди триумф пред гостувањето во Скопје в сабота.

Монпелје денеска го совлада составот на Ст. Рафаел со 35:34, а ова е знак дека имаше доста напори за да се обезбеди посакуваното.

На денешниот натпревар Диего Симонет имаше своја симултанка и имаше осум гола од осум удари и беше лидер во победата. Помош имаше од Хуго Дескат кој реализираше шестпати, а Мелвин Ричардсон, пак, петпати.

Ова беше многу потребна победа за тимот на Монпелје бидејќи со неа се задржа на 4. Позиција, но и понатаму е далеку од 3. место.

Монпелје ќе гостува во Скопје в сабота од 17:30 часот, а тоа е дуел од последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.