Монпелје му зададе удар на Фуксе Берлин, на реваншот ќе се одлучува патникот за Ф4

Во првиот натпревар помеѓу Монпелје и Фуксе Берлин во рамките од четврт-финалето од Лига на Европа, Монпелје обезбеди важна победа од 32:29.

Натпреварот го отворија и двете екипи со голови. Фуксе Берлин играше подобро во нападот во првите пет минути и имаше водство од 3:2. Eкипата од Франција заигра поангажирано во нападот и со добра одбрана го изедначи резултатот на 3:3, а минутите кои следуваа беа во нивна полза. За 17 минути игра двете екипи имаа постигнато вкупно 13 гола. Сепак, ракометарите на Фуксе Берлин за две минути игра изедначија на 7:7, но и промашија неколку напади за водство. Во последните осум минути од првиот дел, Монпелје беше подобар на теренот и замина на полувреме со предност од 13:11.

Во второто полувреме главно се играше гол за гол. Ракометарите на Фуксе Берлин при резултат 16:16 погодија за нивно водство од 17:16 и успешно го одржуваа до 42. минута. Голманот на тимот од Германија, Дејан Милосављев имаше неколку интервенции, но тоа не беше искористено од страна на неговите колеги. И на спротивната страна, Марин Шего имаше успешни интервенции и постепено ги откажуваше противниците. На десет минути до крајот, Лукас Пелас зголеми на два разлика за Монпелје, 25:23. Разликата од два до три гола екипата на Монпелје успешно ја сочува до последната секунда од натпреварот.

Најефикасен во составот на Монпелје беше Валентин Порт со осум гола. Во составот на Фуксе Берлин се истакна, Фабијан Виде со шест гола. Реванш натпреварот помеѓу Монпелје и Фуксе Берлин се игра на 20 април во Берлин.