Многу тензија и неизвесност, но Келце, сепак, е во финалето на полскиот куп

Во полуфиналето на Kупoт на Полска најголемите ривали Келце и Висла Плоцк одиграа интересен и до крај неизвесен натпревар кој го добија ракометарите на Талант Душебаев со 29:27 и обезбедија пласман во финалето.

Од почетокот Келце имаше водство, се играше борбено, а на моменти и грубо, особено ракометарите на Висла Плоцк играа многу цврста одбрана. Во 19. минута Келце имаше предност од 9:8 и напад кога се повреди Даниел Душебаев.

Ова беше причина Талант да реагира бурно кон судиите и делегатот за што доби црвен картон. До крајот на првиот дел шампионот на Полска иако без главниот тренер го задржа водството, но после 30 минути имаше само минимални 14:13.

И во второто полувреме Келце во поголемиот дел имаше водство, но Висла Плоцк постојано беше закана за противникот. Во завршницата Висла израмни немаше сили за целосен пресврт и пласман во финалето.

Алекс Душебаев и Аркадиуш Морито го водеа Келце до победата со по шест гола, додека во тимот на Висла Плоцк прв стрелец беше Дашек со шест гола. Во финалето Келце е голем фаворит, а ќе се сретне со екипата на Тарнов.

Синовите „јадеа“ ќотек – Талант збесна и добри црвен картон! (ВИДЕО)