Синовите „јадеа“ ќотек – Талант збесна и доби црвен картон! (ВИДЕО)

Екипите на Келце и Висла Плоцк играа во полуфиналето од Купот на Полска. Од 19. минута Келце е без тренерот Талант Душебаев кој доби директен црвен картон. После неколку остри стартови на ракометарите на Висла Плоцк над Даниел и Алекс, тренерот на Келце бурно реагираше, а особено откако се повреди Даниел. Сето тоа кулминираше и Талант заработи исклучување после реакциите кон судиите и делегатот. Како изгледаше реакцијата на Душебаев погледнете во видеото...