Младост Богданци го организира третиот меморијален турнир „Томе и Гоце“

По повеќе од 15 години минати од историските моменти и најголемите домашни и меѓународни успеси на Младост Богданци, во чест и сеќавање на сега покојните претседател Гоце Петрушев и секретар Томе Лисичков, на 27 август година во Богданци ќе се одржи третиот меморијален турнир.

2019 година пред полна сала „Млаз“, луѓето кои во минатото беа дел од Младост, кој остави длабоки траги и во македонскиот ракомет, Сергеј Турченко и Виктор Горбах од Украина, Зоран Мартиновиќ од Црна Гора, Славиша Стојковиќ од Србија, Касим Каменица од Босна и Херцеговина и уште многу други поранешни играчи на Младост, се собраа во Богданци за да се потсетат на големите успеси што некогаш заедно ги постигнуваа на домашен и меѓународен план.

Традицијата продолжува, но годинава турнирот ќе се одржи без публика, а сите натпревари ќе бидат емитувани на You Tube. Турнирот ќе започне од 10:00 часот и ќе трае цел ден, а ќе играат четири кадетски екипи – домаќинот Младост, Металург, Бутел Скопје и Голден Арт.