Младинците во група со Грција, натпреварите ќе се играат во Варна

ЕХФ шампионатите во младинска машка конкуренција летово ќе бидат одиграни во Варна во два различни термини, а со оглед на тоа што ова ќе биде само за рејтинг ќе има дуели за надминување при што Македонија доби интересна група во која е и соседот Грција.

Младинските шампионати не носат место на ЕП, па затоа се само за надминување меѓу националните тимови. Македонија се најде во Групата А во која има шест селекции така што ќе има можност за пет дуели во групната фаза и уште два за пласман. Покрај Грција ривали ќе бидат и селекциите на Израел, Литванија, Луксембург и Велика Британија.

Според она што може да се забележи на прв поглед Македонија во оваа група има големи шанси за полуфинале, но тоа ќе треба да се одработи и на теренот така што дефинитивно ќе биде интересно на овие натпревари во Варна.

Покрај овој турнир ќе се игра и уште еден на кој учествува и селекцијата на Бугарија.