Младен Ракчевиќ за 24Ракомет: Лазаров ќе внимава на секој елемент, треба да се има трпение со „новата“ Македонија

Младен Ракчевиќ е еден од најдобрите странски ракометари што настапувалe во Македонија и остави голема трага и во Вардар и во Металург. Црногорскиот пивот кој потекнува од школата на Ловќен, четири години беше дел од „црвено-црниот“ тим, три од тимот од Автокоманда, ги носеше дресовите на Колубара, АЕК Атина, а богатата и успешна кариера ја заврши во романската Констанца. Со репрезентацијата на Црна Гора настапуваше на три големи натпреварувања - ЕП 2008 и ЕП 2014, како и на СП 2013.

Од новостите кои се воведени добро е што е го исклучија задолжителното играње на центар на играчот, при брз центар, тоа се покажа како добро и има повеќе голови отколку порано. Статистички има повеќе голови и тоа беше обид и со 7-6 и без голман, но овие две работи „не заживеаја“ како треба. Ретко кој се решава целата игра да му биде таква или се користи кога се губи да се стигне резултатот или некој тренер кој има малку повеќе храброст да игра повеќе пати. Играч повеќе не е веќе „баук“ како порано и се игра 6-6, но со поголем ризик за техничка грешка. Тоа е позитивна работа.

Од друга страна треба да се ограничи нападот временски и да се забрза играта и да се лимитира пасивната игра и теоретски да се дојде до побрза игра.

Светското првенство е поинакво од Европско, има земји кои доаѓаат како Кореја, Бразил, надвор од Европа. Но, сепак европскиот ракомет ќе доминира и во завршницата ќе бидат европски селекции.

Кога некој ме прашува за Црна Гора, јас секогаш почнувам со негативните работи. Ние константно немаме квалитетна лига. Имаме лига која преживува. Нема ниту еден играч на поширок список на репрезентацијата од лигата тоа доволно зборува. Ние имаме поднебје за ракомет, пред се млади играчи од 14-15 год. Тие имаат талент за ракомет, но формираат кариера во друга земја. Фала им што играат за Црна Гора. Имаме квалитет, но нема основа – база.

Го немаме тоа што го работат во Македонија (Алкалоид, Вардар, Еурофарм Пелистер) со младите селекции и со млади играчи. Сериозна стратегија, но за жал ние не сме во можност тоа да го постигнеме. Тоа е затоа што „немаме лига“ и не може да се направи база на првоволигашки играчи кои до својата 20-та или 22-ра годишна возраст би останале во Црна Гора и потоа би заминувале во странство. Ќе тргнам од тоа што го постигнува Црна Гора и секое учество на големо натпреварување според мене е огромен успех. Ние дефенитивно растеме откако Рогановиќ е на клупата, веќе стануваме и сила и влегуваме меѓу 10-12 во Европа.

Имаме група која треба да се мине и тоа со два бода. Шпанија, Иран и Чиле се ривали. Иран e предводен од Веселин Вујовиќ. На оваа репрезентација треба да се гледа со големо внимание заради Вујовиќ кои ги знае сите наши играчи. Но, колку ќе успеаат, треба да се види и како тој неквалитет на играчите на Иран ќе го надополни Вујовиќ ќе видиме. Очекувам две сигурни победи и во дуелот со Шпанија, ако се има шанса да се проба да се победи, дека е воедно и натпревар од прво коло. Тоа е важно и како ќе се продолжи првенството. Потоа вкрстуваме со групата  на домаќинот Полска, Словенија,… ќе биде тешко и да завршам  со оптимизам, дека оваа генерација во овој момент има предиспозиции да направи чекор напред и да влезе во четвртфинале и тоа ќе биде огромен успех за Црна Гора.

Тешко е да се каже кои се фаворити. Има 6-7 репрезентации кои се со изеданечен квалитет. Тука е Данска пред се, потоа Германија која ако ја нема, нема да има ракомет во Европа, без разлика на нивниот состав. Шпанија нема неколку играчи, но имаат систем и тоа добар. Од овие простори Хрватска и Словенија останаа должни од претходното ЕП со добра игра и добар резултат. Верувам дека и двете селекции ќе дадат повеќе напор за подобар резултат.

Македонија – Против Аргентина имам играно повеќе натпревари. Имаат систем, незгодни играчи и незгоден тим се. Повеќето играчи играат во Шпанија и во Франција. Имаат систем и не се откажуваат дефинитивно – незгоден ривал. Македонија направи смена на генерација врвно, го гледав и натпреварот на генерациите се беше одлично. Едноставно се соживеав, многу години минав таму бев дел од тоа, бев во најдобрите клубови. Секоја чест на идејата и за федерацијата и добро е кога матичната федерација знае да го одбележи тоа со благодарници. Македонија во нов состав ако е во споредба со ова што го работам, теоретски како со мојата љубов. Суровина врвна, талент постои, Кире нов тренер, но со многу искуство и нема да импровизира сигурно ќе оди чекор по чекор со стручниот штаб. Ќе внимаваат на секој елемент.

Кире ќе направи сите ракометари да уживаат во играта. Тоа се младите играчи со неколку поискусни играчи, ќе купуваат искуство, апелирам до сите навивачи, меѓу кои сум и јас за Македонија, да бидат трпеливи со оваа репрезентација и дека не е катастрофа ако изгубат натпревари. Играат против Холандија против кои и ние како Црна Гора на последното Европско изгубивме, за оние кои не следат ракомет или не знаат играчи на Холандија, да кажам дека тие холандски репрезентативци играат во добри екипи и имаат свој квалитет.

На секој натпревар ќе биде клучно располжението на голманите. Македонија има добар тандем со Митревски и Томовски и тоа е голем плус за тимот. Ако ги победат Холандија и Аргентина претпоставувам дека ќе биде и добар натпревар со Норвешка, важно е да се оди во следната фаза со два бода и после да се ужива во ракометот во вториот круг и ако тоа се направи ќе биде добро завршена работа. Брза игра има Македонија, Кире работи на тоа. Недостаток е неискуството.

Македонија ќе игра убав ракомет со убава игра и очекувам пласман во следниот круг. Јас ќе бидам еден од навивачите на Македонија на ова СП.