Митревски и Порто ќе се борат за Куп трофеј во Португалија!

Тимот на Порто, каде што брани македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, е на чекор до двојна круна во Португалија.

Порто славеше во полуфиналето од завршниот турнир во Купот на Португалија против составот на Мадеира со 35-29.

Митревски и неговиот тим сега мирно ќе го чекаат ривалот во борбата за трофејот, а во второто полуфинале ќе се борат Бенфика и Спортинг Лисабон.

Големото финале се игра во текот на утрешниот ден, а Митревски и Порто ќе имаат шанса да освојат двојна круна.