Митревски и Порто се шампиони на Португалија!

Тимот на Порто петти пат во низа е шампион на Португалија. За македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски ова е трета титула по транферот на Пиринејскиот полуостров.

Порто трката ја заврши со победа на незгодното гостување кај Мадеира со 33-25 и го задржа првото место на табелата со 75 бода.

Со освојувањето на титулата, Порто и Митревски добија директно место во Лигата на шампионите, додека второпласираниот Спортинг ќе може да бара вајлд-карта.

Сезоната за Митревски и Порто не е завршена иако заврши шампионатот, но допрва претстојат битките во Купот на Португалија, на 10 и 11 јуни.