Митревски добива дански конкурент во Порто

Голманот на Твис Холстебро, Себастијан Франдсен, е на чекор до потпис со португалскиот шампион Порто.

Според данската ТВ 2, Франдсен нема да го продолжи договорот со данскиот клуб и ќе се проба на меѓународна сцена.

Тоа веројатно значи дека од Порто ќе си замине унгарскиот голман Мартон Секељ, кој дојде на позајмица од Веспрем, а Митревски ќе добие дански конкурент на голот.

Франдсен има 26 години, висок е 204 цм, а досега има настапувано само за дански клубови – Велје, Архус и Бејрингбро Силкеборг.