Митко Стоилов кажува крај – денеска ќе го одигра последниот натпревар во кариерата!

Поранешниот македонски репрезентативец Митко Стоилов денеска ќе ја заврши играчката кариера. Стоилов ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Младост на гостувањето во Кисела Вода кај тимот на Јуниор.

Иако и досега беше активен на клупата, од септември ќе продолжи само како тренер во составот од Богданци.

Кариерата ја започна на 15-годишна возраст, а цели 15 години ги бранеше боите на македонската репрезентација. Настапуваше за матичниот Младост, Загреб, Металург, Вардар, Одорхеи, Работнички, Пролет, Приштина…

Стоилов освои многу титули во Македонија, со романскиот Одорхеи има трофеј од Челинџ Купот, но сериозните повреди го спречија да направи уште повеќе во богатата кариера.