Митков и Костески незадржливи – постигнаа вкупно 20 гола во победата на Холабрун

Тимот на Холабрун, каде што играат двајцата македонски интернационалци Влатко Митков и Никола Костески, славеше важна победа против незгодниот состав на Кеплингер Траун, со пет гола разлика, 39:34, во натпревар од плеј-оф фазата во првата австриска лига.

Двајцата ракометари од Македонија беа најзаслужните за освоената победа и постигнаа вкупно 20 погодоци.

Влатко Митков беше стрелец на 11 гола, додека десното крило, Никола Костески, деветпати се запиша во листата на стрелци.

По девет одиграни кола, Холабрун има пет победи, три реми и еден пораз, и ѐ на добар пат да се пласира во елитната конкуренција во Австрија.