Митев: Имаме голем потенцијал, ќе покажеме многу во иднина

Марко Митев дебитираше на Европското првенство и тоа на дуелот против светскиот шампион Данска и успеа да го постигне првиот свој погодок на големите натпреварувања во сениорскиот дрес.

После натпреварот младиот среден бек имаше свое видување за играта и чувството на дебитансткиот настап.

„Ова беше одличен меч за сите нас, Данците одиграа одлично, ние исто така одигравме добро до 45 минута. Овој тим има потенцијал и ќе покаже уште многу во иднина. Сакам да се заблагодарам на сите за добриот натпревар и на навивачите за атмосферата и поддршката во текот на натпреварот. Ова беше голем предизвик за мене, чувството беше многу убаво да се дебитира против Данска на ЕП и сакам да се заблагодарам на селекторот што ми даде шанса и што има доверба во мене“, заврши Митев.

Македонија со три порази го заврши настапот на Европското првенство 2022 и веќе вечерва ракометарите се враќаат во Скопје.