Миркуловски и Вецлар со победа кон Лигата на Европа

Екипата на Вецлар дојде до победа од 30:22 на дуелот против Бергишер во Бундес лигата со што се најде на чекор од место во Лигата на Европа.

Вецлар имаше убедлива игра во која лесно дојде до триумф против ривалот кој се наоѓа на средина од табелата и нема ризик за опстанокот.

На оваа средба Миркуловски успеа да реализира еден пат со што имаше свој удел во победата.

Инаку, Вецлар е една позиција зад местата кои водат во Лигата на Европа, но постои надеж дека може да се обезбеди пласман во натпреварувањето.