Миркуловски без грешка, Вецлар го намачи Магдебург

Тимот на Вецлар, каде што настапува македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски, загуби на домашен терен од Магдебург со 26-29.

Искусниот плејмејкер погоди два пати од два обиди на овој натпревар, а Вецлар водеше педесетина минути.

Магдебург во финишот направи комплетен пресврт и ги освои бодовите од незгодното гостување кај Вецлар.

По овој натпревар, Миркуловски доаѓа во Македонија и од утре ќе му стави на располагање на селекторот Кире Лазаров за бараж двомечот со Чешка за пласман на СП.