Микаел Апелгрен уште долго ќе биде надвор од терените, мора на нова операција!

Шведскиот голман и играч на Рајн Некар, Микаел Апелгрен и понатаму ќе биде надвор од терените заради повредата на коленото. Швеѓанецот ја пропушти целата претходна сезона и му следува уште долга пауза.

Алепгрен на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија со која најави дека мора да се врати на операционата маса заради проблемите со коленото.

„Би сакал да можам да напишам нешто за моето враќање и дека конечно ќе фатам топка во моите раце или пак нешто забавно. За жал после долг период на надеж и очај моето колено се уште не може да издржи голем напор ниту било каков напор воопшто. Потребна е уште една операција за да ја надминам повредата. Се чувствувам фрустриран, истрошен и скршен но морам да се помирам со тоа и да најдам енергија за уште едно враќање“, напиша Апелгрен.