Мешков остана без рускиот репрезентативец – Шкуринскиј скина лигаменти

Рускиот репрезентативец Александар Шкуринскиј кој настапува на левата бековска позиција во екипата на Мешков Брест ја заврши сезоната порано од очекуваното. Тој се повреди и настапите за него во тимот од Белорусија се завршени.

Шкуринскиј ги повреди предните вкрстени лигаменти, повреда која ќе го одалечи подолг период од терените, а секако сезоната е завршена за него. Тој од летото 2021 има договор со Нант па така следниот натпревар ќе го игра во нов клуб.

Русинот кој може добро да се снајде и на среден бек во Мешков пристигна од Краснодар и многу брзо стана еден од главните играчи во тимот. Неговата повреда е голем хендикеп за шампионот на Белорусија на кој му претстои реванш натпреварот од Лигата на шампионите против Мотор.

Александар Шкуринскиј е дел од репрезентацијата на Русија од 2015 година, а со своите одлични игри еден период беше мета и на Вардар, но сепак не дојде до тој трансфер бидејќи тој го продлжи договорот со Мешков.