Мешков Брест ја продолжи соработката со Подшивалов, Матијашевиќ, Шумак…

Тимот на Мешков Брест, кој како сите белоруски и руски клубови се наоѓа под санкции од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ), ги продолжи договорите со неколку важни играчи.

Некогашниот учесник во Лигата на шампионите го продолжи договорот со средниот бек Александар Подшивалов, кој во Мешков Брест пристигна како замена за екс вардарецот Сташ Скубе, и веднаш ги оправда очекувањата на управата.

Во Мешков Брест останува и словенечкиот интернационалец, средниот бек Марко Матијашевиќ. Словенецот минутажата на терен ја дели со Подшивалов и Куран. Матијашеиќ во Мешков Брест дојде минатото лето од француски Трембле.

Мешков Брест за следната сезона ќе може да смета и на услугите на Вјачеслав Шумак, Алексеј Шинкел и на рускиот интернационалец Алексеј Соловев.

Сите пет играчи во редовите на старо-новиот шампион на Белорусија ќе останат најмалку уште една сезона.