Мешков Брест останува без легендата – Иван Пешиќ од следното лето во Нант

Хрватскиот репрезентативен голман Иван Пешиќ, по девет години, следното лето заминува од белорускиот првак Мешков Брест.

Tој се сели во францускиот Нант, и таму ќе биде замена за Емил Нилсен, кој пак ќе прави трансфер во Барселона.

Пешиќ потекнува од Замет Ријека, една сезона бранеше во Веспрем, беше член и на Загреб, а во Белорусија замина од словенечкиот Марибор.

Хрватскиот чувар на мрежата е еден од најзаслужните за подемот во Европа на Мешков Брест и сигурно ќе му биде тешко на белорускиот првак да најде замена за него.