Мечки се „прошетаа“ на терен во Русија (ФОТО)

Викендов во градот Перм се одигра завршниот турнир во Купот на Русија во машка конкуренција со четири екипи.

Домаќинот Пермски Медведи загуби во полуфиналето од Чеховски Медведи со 28-31, додека во другото полуфинале Спартак Москва беше подобар од Акбузат со 33-24.  Во финалето Чеховски славеа над Спартак со 27-24.

Но главната атракција во Перм не беа ракометарите, туку двете маскоти на Чеховски и Пермски Медведи.

Тие парадираа околу теренот во салата во Перм и го привлекуваа вниманието на навивачите.