Металург ќе го глуми Кил

Пред продолжувањето на пролетниот дел од сезоната Вардар ќе го одигра и вториот контролен натпревар. Ривал ќе биде градскиот тимот на Металург. Натпреварот е закажан за 29 јануари во СЦ „Јане Сандански“.

По барање на екипите натпреварот ќе биде од затворен тип (без присуство на публика) со цел да имаат можност за испробување на повеќе тактички варијанти.
Ова ќе биде втор меч за „црвено-црните“ откако на првиот го победија Еурофарм Пелистер со 32-28.

За Вардар ова ќе биде уште една можност да се испробаат сите варијантаи пред заминувањето за Германија каде на 5 февруари е средбата со Кил во 11 коло од Лигата на шампионите.

Потоа следуваат уште три средби, на домашен терен со Мотор (15 февруари), во гости кај Порто (22 февруари) и последниот меч со Монпелје во Скопје на 29 февруари.