Металург со Хорват, но без Маркоски на последниот европски настап (ФОТО)

Тимот на Металург денеска го игра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа.

Ривал на металурзите ќе биде шпанскиот Адемар Леон, а натпреварот нема да има резултатска важност ниту за едните, ниту за другите.

Во ростерот на Металург се враќа десното крило Златко Хорват, а ќе недостигаат Велко Маркоски и Теодор Тодески.

Адемар Леон е без Рубен Марчан, Тин Лучин и Калифа Гедбан. Натпреварот меѓу Металург и шпанскиот тим се игра вечерва од 18:45 часот во СЦ „Борис Трајковски“.