Металург останува без српското „чудо од дете“: Стефан Додиќ се сели во Келце?

Средниот бек на тимот на Металург, Стефан Додиќ, се наоѓа пред преселба во полскиот шампион Келце.

Додиќ има договор со тимот од Автокоманда и за следната сезона, односно до 2022 година, но според „Хендбол Планет“ бекот веќе се договорил за соработка на три сезони со тимот на Талант Душебаев.

18-годишниот играч веќе дебитираше за сениорската репрезентација за Србија во квалификациите за Европското првенство против Франција. Тој иако е млад, веќе ја игра и третата сезона во европските купови со тимот на Металург.

Во Келце на средната бековска позиција во моментов играат Игор Карачиќ и Микал Олејничак, а повреден е исландскиот репрезентативец Хаукар Трастарсон.