Металург го наполни голот на Пролет, Охрид со половичен ефект против Беса

Македонските тимови од суперлигашката и прволигашката конкуренција веќе започнаа со одигрување на пријателски натпревари пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

Металург славеше убедливо над Пролет со 39-27, а овој дуел мина во комплетна доминација на тимот од Автокоманда. Металург 2, пак минимално триумфираше над Вардар Неготино со 27-28.

Прволигашот Јехона славеше над Работнички со 40-38, додека Бутел Скопје иТиквеш  одиграа тренинг натпревар на кој не се водеше записник.

Составот на Охрид, по трите меча во Црна Гора, одигра две средби против косовската Беса. На првата избраниците на Раде Стојановиќ загубија со 22-23, додека на втората победија со 27-24.