Металург без милост, броеше до 57 против Кузман Вардар

Ракометарките на Металург имаа победнички крај на есенскиот дел од сезоната во Женската лига.

Избраничките на Јулијана Дамчевска славеа против Кузман Вардар со убедливи 57-13, откако на полувреме беше 26-5.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мила Трајковиќ со 15 гола и Елена Ивановска со девет, додека Нина Милевска даде четири за Кузман Вардар.

Металург од поодамна обезбеди плеј-оф и ќе разигрува за титулата, додека Кузман Вардар ќе игра во плеј-аут.