Мега дуелот за Барса: Келце во нокдаун по првата рунда на титаните

Во рамките на натпреварот на второто коло во Лигата на шампионите, Барса пред своите поддржувачи ја совлада екипата на Келце 32-28(18-13). Во реприза на ланското финале Барса го совлада незгодниот Келце и по две кола има максимален број бодови во групата Б од Лигата на шампионите.

Самиот почеток покажа дека се работи за две екипи со изедначен квалитет. Минималната предност беше во посед на Барса, но по пет минути игра Барса остана со играч,а потоа и два помалку на терен што беше доволно за серија од 3 погодоци за полскиот првак и преземање на контролата на резултатот.

Во средина на првиот дел одличниот дански голман Нилсен не им дозволи на гостите од Полска да создадат опиплива предност, а неговите одлични потези на голот на Барса со голови на спротивната страна ги награди Н’Гесан и резултатот повторно беше изедначен (6-6).

Ако Барса успеа да ја стабилизира играта со играч помалку, првото исклучување за Келце (Ремили неправилна измена) им донесе проблеми на теренот. Сите грешки големата Барса умешно ги казни и затоа до 19. минута имаа предност од три разлика 13-10. Но ниту тоа не беше гаранција за мирно продолжение на натпреварот за домашниот тим, напротив грешката во напад на Фраде и промашениот обид на Абељо го вратија Келце на гол негатива.

Во 22. минута за прв пат оваа сезона во Лигата на шампионите во игра влезе еден од клучните ракометари на шпанскиот гигант, Лука Цидриќ, па резултатската предност се врати на највисоките „плус три“  во 27. минута. Секако еден од најзаслужните за тоа беше голманот Нилсен кој имаше свои спектакуларни моменти. Во финишот на првите триесет минути Барса имаше шанса да се оддалечи на пет разлика, Хампус Ване погоди, но судиската одлука го поништи голот и ја остави во игра екипата на Талант Душебаев. Барем до последните секунди од првиот дел кога Н’Гесан ги постави конечните 18-13 за крај на првите триесет секунди.

Лидерот на Барса, Дика Мем ги доведе домаќините до највисоки шест голови предност, 19-13, но следуваше брз одговор. Шпанците застанаа на 19 голови, а во наредните пет минути Келце ја преполови високата предност на Барса. Во 42. минута полскиот шампионд имаше само „минус два“. Точно на средина на вториот дел Конку го погоди голманот Де Варгас во глава, па заработи исклучување, а Барса ја врати рамнотежата во својата игра и се врати на четири голови разлика.

Контролата над резултатот домаќинот ја одржуваше до крајот на натпреварот, а полските ракометари единствено успеаа да се приближат на „минус два“, разлика која во самиот финиш кога веќе се беше познато повторно достигна „плус четири“ или конечни 32-28 за прослава на втората победа во Лигата на шампионите за бранителот на титулата Барса.

За најдобар ракометар на дерби дуелот од второто коло во Лигата на шампионите беше прогласен Лудовиг Фабрегас од Барса.Тој постигна 6 погодоци во победата на својот тим, го следеа Абељо и Мем со по 5 погодоци. Кај Келце најрасположен стрелец беше Морито со 6 голови, Алекс Душебаев запиша 5, Сичко 4, додека Карачиќ и Даниел Душебаев го завршија натпреварот со 3 голови зад своето име.