МВП на 9. Коло од Супер машката лига – Петар Бугариновиќ (Струга)

Средниот бек на Струга, Петар Бугариновиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 9 коло од Супер машката лига.

Бугариновиќ освои околу 43% од гласовите, а второпласираниот Андреј Петковски собра околу 15% од гласовите.

Средниот бек на стружани, беше лидер со седум гола во значајната победа на гостински терен над Вардар Неготино.

Во трка за МВП беа уште и Ненад Костески, Никола Стефановиќ, Дарио Кофилоски, Куни Моралес и Никола Матовиќ.