МВП на 9. коло во Супер машката лига: Иван Тасески (Охрид)

Еден од најискусните ракометари на Охрид, пивотот Иван Тасески по вторпат е играч на коло во Супер машката лига. Тој беше најдобар во 7. коло, а сега одново е со најмногу гласови во изборот за 9. коло откако доби 30% од вкупниот број на гласови.

Зад него останаа Иракли Кбилашвили од Металург кој финишираше со 23% од гласовите, а неговиот соиграч и репрезентативец на Македонија, Мартин Серафимов е трет со 17% од гласовите.

Од другите четворица играчи двоцифрен процент на гласови доби Марко Кизиќ од Вардар јуниор кој заврши со 15% од гласовите. Потоа следуваат: Дејан Кукуловски (Вардар јуниор, 5%), Мирко Мајиќ (Бутел Скопје, 5%) и Мартин Поповски (Пролет, 5%)

Редакцијата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможи со вашите гласови да го бирате најдобриот ракометар во секое коло од првиоте дел на сезоната во кој ќе бидат одиграни 18 кола.

ДОСЕГАШНИ ИГРАЧИ НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА, СЕЗОНА 2019/20

1.КОЛО: Стефан Додиќ (Металург)

2.КОЛО: Мартин Серафимов (Металург)

3.КОЛО: Давор Палевски (Работнички)

4.КОЛО: Крсте Андоновски (Охрид)

5.КОЛО: Лука Вујовиќ (Металург)

6.КОЛО: Мартин Карапалевски (Вардар јуниор)

7.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

8.КОЛО: Андреј Митиќ (Металург 2)

9.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)