МВП на 7. коло во Супер машката лига: Иван Тасески (Охрид)

Пивотот на екипата на Охрид, Иван Тасески собра голем број на гласови и беше далеку пред конкуренцијата во гласањето за најдобар играч во 7. коло од Супер машката лига.

Тасески при гласањето заврши со дури 65 проценти од гласовите и со огромна предност во однос на Реван Чантурија од Металург кој имаше 20%.

Зад нив останаа: Филип Николов (Радовиш, 5%), Јагош Брауновиќ (Охрид, 3%), Ласко Андоновски (Пролет, 3%), Мирко Мајиќ (Бутел Скопје, 3%) и Јовица Младеновски (Бутел Скопје, 1%).

Редакцијата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможи со вашите гласови да го бирате најдобриот ракометар во секое коло од првиоте дел на сезоната во кој ќе бидат одиграни 18 кола.

ДОСЕГАШНИ ИГРАЧИ НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА, СЕЗОНА 2019/20

1.КОЛО: Стефан Додиќ (Металург)

2.КОЛО: Мартин Серафимов (Металург)

3.КОЛО: Давор Палевски (Работнички)

4.КОЛО: Крсте Андоновски (Охрид)

5.КОЛО: Лука Вујовиќ (Металург)

6.КОЛО: Мартин Карапалевски (Вардар јуниор)

7.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)