МВП на 11. коло во Супер машката лига: Милан Поповиќ (Металург)

Левото крило на екипата на Металург, интернационалецот од Црна Гора, Милан Поповиќ убедливо триумфираше во изборот за најдобар играч во 11. коло од Супер машката лига. Со дури 59 проценти од гласовите тој се најде пред конкурентите и заврши далеку на врвот.

Зад него со 14 проценти од вкупниот број на гласови се најде Бобан Блажески од Охрид, а уште еден стружанец е зад него. Се работи за голманот Златко Даскалоски кој брани за Бутел Скопје, а доби 11 проценти од гласовите.

По пет проценти од гласовите имаа Ласко Андоновски од Пролет и Игор Трајковски од Пелистер, додека Филип Николов од Радовиш заврши со четири проценти. Неговиот клупски колега, Златко Везенковски доби два проценти од вкупниот број гласови.

Редакцијата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможи со вашите гласови да го бирате најдобриот ракометар во секое коло од првиоте дел на сезоната во кој ќе бидат одиграни 18 кола.

ДОСЕГАШНИ ИГРАЧИ НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА, СЕЗОНА 2019/20

1.КОЛО: Стефан Додиќ (Металург)

2.КОЛО: Мартин Серафимов (Металург)

3.КОЛО: Давор Палевски (Работнички)

4.КОЛО: Крсте Андоновски (Охрид)

5.КОЛО: Лука Вујовиќ (Металург)

6.КОЛО: Мартин Карапалевски (Вардар јуниор)

7.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

8.КОЛО: Андреј Митиќ (Металург 2)

9.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

10.КОЛО: Христијан Крстаноски (Струга)

11.КОЛО: Милан Поповиќ (Металург)