Мајсторија на Ташев против Работнички, постигна гол преку „жив ѕид“ (ВИДЕО)

Екипата на Вардар Неготино во рамки од 18. коло од Првата машка лига во СЦ „Јане Сандански“ го совлада Работнички со 27:26 со гол во последните секунди од натпреварот.

Победничкиот гол за екипата од Неготино го постигна поранешниот кадетски репрезентативец на Македонија, Ѓорѓи Ташев, кој беше најефикасен во својата екипа со седум постигнати погодоци.

Вардар Неготино на полувреме замина со минимална предност од 13:12 откако по истекот на времето од првите 30. минути, Ташев успеа преку живиот ѕид да постигне фантастичен гол. Дефинитивно, голот на Ташев е еден од најдобрите во регуларниот дел од Првата машка лига.

Вардар Неготино го доби Работнички на гости во „Јане“