Мартон Секељ во топ 5 одбрани на месецот во СЕХА (ВИДЕО)

СЕХА Лигата ги објави топ 5 одбрани за месец февруари, а место доби и голманот на Еурофарм Пелистер Мартон Секељ.

Секељ се најде на четвртата позиција со одбранетиот зицер во натпреварот против Партизан. Покрај него во топ 5 има две промашување на Дибиров и Oливие Њокас. Дибиров не реализираше седмерец против Војводина додека голманот на Нексе му одбрани зицер на Њокас.