Марија Штериова се враќа во форма, беше најефикасна против Миовени

Македонската репрезентативка Марија Штериова полека се враќа во старата форма по по повредата што ја оддалечи од ракометните терени.

Таа правеше операција на рамото, не играше долго време, но тоа е минато и левиот бек ги покажува своите квалитети.

На последниот натпревар на нејзиниот тим Глорија Бузау во романскиот шампионат против Миовени, Македонката беше најдобар стрелец.

Иако Бузау загуби изненадувачки со 21-23, Штериова го имаше приматот како најефикасна за домашниот тим со шест погодоци. Следен предизвик за Штериова и Бузау ќе биде гостувањето кај незгодниот состав на Залау.

Од добрата форма на левиот бек може да биде задоволен и селекторот на сениорките, Љубомир Савевски, кој сигурно сериозно смета на нејзините услуги за претстојните репрезентативни акции.