Мараш: Примивме многу лесни голови, рано му дозволивме на Ним да направи разлика

Десниот бек на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш  на вчерашниот дуел постигна еден гол во поразот од 21:26 против Ним на стартот од натпреварите во Лигата на Европа.

После средбата тој имаше свое видување за прикажаното на теренот.

„Во првиот дел немавме енергија и ефикасност во нападот, а во одбраната примивме многу лесни голови и му дозволивме на противникот да создаде огромна разлика. Бевме подобри во вториот дел, но тоа не беше доволно. Следниот дуел за нас ќе биде подобар. Благодарност до навивачите за одличната атмосфера, жалам што не дојдовме до резултат“, изјави Мараш после натпреварот против Ним.

Поправен ќе има следниот вторник кога ќе треба да се гостува кај составот на Кадетен Шафхаузен во Швајцарија.