Мандалиниќ: Знаеме кој е Кадетен, но и ние имаме што да кажеме

После натпреварот против Ним во Франција Еурофарм Пелистер го чека натпревар против Кадетен Шафхаузен во Битола.

Стипе Мандалиниќ го најави натпреварот против швајцарскиот тим и Шпанецот Жоан Кањелас го истакна како еден од нивните најважни играчи.

„Знаеме кој е Кадетен Шафхаузен игравме против нив минатата година и оваа повторно сме во иста група. Станува збор за одлична екипа која има многу добри поединци, но и ние покажавме дека и имаме што да кажеме. Се подготвуваме добро и мислам дека оваа сезона имаме прилика да направиме еден исчекор во однос на минатата. Не очекува еден интересен натпревар па ќе видиме што ќе биде“.

„Им се вратија тројца-четворица играчи, Шпанецот Кањелас е многу искусен и еден од нивните најважни играчи. Голманот Пилиповиќ исто така е многу добар. Имаат навистина добри играчи, играат паметно, играат долго, сконцентрирано и треба тоа да се издржи“, изјави Мандалиниќ.

Натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и Кадетен се игра в среда во 18:45 часот.