Манасков и Веспрем тргнаа со висока победа во 2020 година

Првиот официјален натпревар за 2020 година за тимот на Веспрем заврши со висока победа од 39:26 на гостувањето кај Вац со што беше одлично отворен пролетниот дел од сезоната.

Ракометарите на Веспрем доминираа во текот на сите 60 минути и ги оправдаа очекувањата на теренот.

Дејан Манасков беше дел од составот на Веспрем во првата победа во 2020 година, а постигна само еден гол во финишот од натпреварот. Тој не реализираше седмерец, но одбиената топка успеа да ја смести во голот на Вац.

Веспрем останува прв кандидат за шампионската титула во Унгарија, а овој меч беше и загревање за натпреварите од Лигата на шампионите на кои ќе има борба за првото место во групата и директен пласман во четврт-финалето.