Манасков експресно ги демантираше Романците – нема преселба во Динамо Букурешт (ФОТО)

Репрезентативецот на Македонија, Дејан Манасков, преку социјалните мрежи ги демантираше романските медиуми по веста дека од следната сезона ќе го засили амбициозниот проект на Динамо Букурешт.

Романските медиуми веќе го преселија Манасков од Веспрем во Динамо Букурешт, го претставија како супер засилување во новиот проект на Чави Пасквал, но самиот ракометар експресно ги демантираше шпекулациите од Романија.

За искусното лево крило на Македонија веќе подолго време се објавуваат бројни шпекулации околу неговиот нов клуб откако пред извесен период откри дека го напушта Веспрем на крајот од сезоната.

Манасков во својата кариера играше за Металург и Вардар во Македонија, односно Вецлар и Рајн Некар во Германија. Во текот на 2017 година од Рајн Некар направи трансфер во унгарскиот гигант.

Романците наjaвуваат: Манасков во Динамо Букурешт!