Македонците главни во Холабрун

Тимот на Холабрун, каде што играат двајцата македонски интернационалци Влатко Митков и Никола Костески, забележа победа во разигрувањето за пласман во елитната конкуренција во Австрија.

Холабрун беше подобар на домашен терен од составот на Леобен со 24-23 во драматичен натпревар до самиот крај.

Најдобри на теренот, како и многупат досега беа токму Македонците. Костески беше прв стрелец со осум погодоци, додека Митков стрелаше пет пати во мрежата на Леобен.

Холабрун сега има четири бода на првото место, а следен предизвик за тимот на Митков и Костески ќе биде гостувањето кај Кеплингер на 1 мај.